Некатегоризирани

Двајца обвинети за разбојништво врз мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица од вкупно петмина за кои имаше донесено  Наредба за спроведување истражна постапка поради  сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1  во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата обвинети кои се опфатени со обвинението  на 28 јуни  во село Трубарево, во непосредна близина на една бензинска станица, со употреба на сила нападнале врз животот и телото на двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви, со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари.

Заедно со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

За тројцата кои беа осомничени и опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка,  обвинителството по завршување на истражната постапка утврди дека нема докази дека го сториле кривичното дело, па затоа донесе Наредба за запирање на истражна постапка.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток