вто. Ное 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Сведоштво на Македонци во Халкидики: Целите соби беа поплавени, едвај спасивме жива глава

По страшното невреме кое го зафати грчкиот остров Халкидики се санираат штетите и се трага по исчезнатите лица. Сведоци за КУРИР раскажуваат сцени од страшното невреме кое го преживеале околу 10-тина македонски семејства сместени во Неа Потидеа.

Тие раскажуваат дека се уште нема вода и струја, а според најавите, струја и вода можно е да нема и до недела.

–Прашајте не нас 10-тина фамилии дали некој не контактираше од агенцијата, сите не откачија од агенции до хотелиери. Цели соби беа поплавени и сами си ги чистевме, а на крајот се вративме дома бидејќи немаше услови да останеме повеќе, раскажува сведок за КУРИР.

Тој во името на сите семејства кои биле затекнати во невремето вели дека агенциите не мрднале со прст за нив и тие живи глави спасувале цели поплавени со деца и стари луѓе.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close