Република

Пред да резервирате карта за „Визер“, прочитајте ги условите

Пред да летаат со „Визер“, патниците треба внимателно да ги прочитаат условите за превоз на веб-страницата на превозникот. Само така ќе ги знаат правата и обврските, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство, објави „Независен весник“.

Весникот пишува дека таму не се обратил никој од осумтемина патници кои минатата недела, и покрај тоа што имале резервирани седишта на летот со унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ од Берлин за Скопје, биле оставени да го чекаат следниот лет. На нивните седишта имало патници кои порано извршиле резервација. Од авиокомпанијата за „Независен весник“ изјавија дека дозволуваат минимално пребукирање на најпопуларните рути, со цел да овозможи повеќе патници да патуваат, наместо некои седишта да останат празни поради патниците кои воопшто не се појавиле.

Најчести проблеми со кои се соочуваат патниците во воздушниот сообраќај се: откажување, доцнење или пренасочување на летот, како и изгубен багаж. За сето ова патникот може да се бара обесштетување од договорниот превозник.

Текстот во целост на: nezavisen.mk

Најчитани

To Top
Close