вто. Ное 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва, 12 јули 2019 година, петок, ќе се обрати на свеченото отворање на 59-то издание на меѓународниотфестивал „Охридско лето“, што ќе се одржи во Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот. 

На отворањето на фестивалот ќе настапи британската виолинистка Ванеса Меј, придружувана од оркестарот на Националната филхармонија и вокалните солисти од Националната опера и балет на Република Северна Македонија, а под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров.

Манифестацијата „Охридско лето“ се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close