пон. Окт 14th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Заев се правда – вели не знаел дека објавениот разговор од „бомбата“ за Нешковски не е целосен

Премиерот Зоран Заев вели дека не знаел оти објавениот разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и екс премиерот Никола Груевски  за убиството на Мартин Нешковски не е целосен.

Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали, рече премиерот Зоран, одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.

– Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа, рече Заев

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close