Република

(ВИДЕО)Со огномет се отвора дивоградба, како поинаку? – Фијаското на државата конечно прославено

Огнометот кој синоќа беше приреден над градот Охрид од страна на советникот на ДУИ Нефи Усеини ( кој на државно земјиште изгради угостителски објект кој е дивоградба ) претставува прослава и своевидно официјализирање на смртта на сите институции во Охрид од Полиција, до Обвинителство, па преку Локаланта и Владата.

Во градот Охрид денес се коментира дека Нефи е Цар и господар кој владее со Судот, Полицијата, Обвинителството , Градоначалникот и со Премиерот.

 Но сепак Нефи не е тој кој сам гради дивоградби иако во јавноста се добива таков впечаток бидејќи тој е најприсутен во медиумите. Дибоградби се градат најмалку 20 години пред името на Нефи Усеини да стане медиумски експлоатирано, па така дивоградби се речиси сите тераси и доградби на Кеј Македонија од хотелот „Ривиера“ до хотелот „Гарден“, како и сите охрдски плажи кои исто така се целосно нелегално поставени, а за што во повеќе наврати јавно зборуваше и самиот Градоначалник Константин Георгиевски.

Точно од сето ова е дека во Охрид нема функционални институции, тие се ставени во служба на оние кои имаат пари да им платат за да не функционираат, додека интересот на граѓаните и државата ( која ги плаќа водствата на овие институции ) е непозната категорија.

Истакнати имиња од политиката како од сегашната локална власт така и од минатата синоќа присуствувале на свеченоста на отворањето, но вешто избегнувале да ги фатат објективите на фото апаратите.

 

 

 

Најчитани

To Top
Close