Македонија

ФОТО: Публиката на Антички воодушевен од британската ѕвезда Ванеса Меј

Британската музичка ѕвезда Ванеса Меј, вечерва го отвори 59. издание на фестивалот „Охридско лето“. На Античкиот театар во Охрид, се бараше место плус, а публиката беше воодушевена од гала концертот на Меј.

Таа е сместена во хотелот „Јуник“ во Охрид, кој важи за еден од најдобрите и најелитните. Меј го добила најголемиот апартман од 80 квадарати, со две засебни спални соби, работна соба и огромна тераса, а со оглед дека е веган, главниот кувар во хотелот и подготви специјално мени.

Меѓу присутните на концертот се политичарите, а на почетокот, се обрати претседателот Стево Пендаровски.

„Мора да направиме сè што е во нашата моќ да го зачуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО. Да правиме простор за другите во самите нас и да се стремиме кон вистинско граѓанско помирување преку правда и простување. Градејќи едно општество за сите, да се сетиме дека ние си припаѓаме едни на други и заедно му припаѓаме на поширокиот европски културен и цивилизациски простор“, рече Пендаровски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток