Видео и Фото

(ВИДЕО) Светската виолинистка Ванеса Меј со порака до Владата

Светската виолинистка Ванеса Меј која го отвори Охридско лето, во соработка со Анима Мунди упати порака до Влада на Република Македонија да преземе мерки и да сопре труењето на бездомните животни.

– Навистина ме растажува кога слушам дека во земјава се случуваат масовни труења на кучиња и мачки по улиците. Ја повикувам Владата да престане со слободна продажба на отрови затоа што тоа е навистина нехумана активност. Кучињата не бараа да бидат овде и заслужуваат најголема љубов и почит. Затоа ве молам заедно со Анима Мунди промовирајте вдомување на бездомни животни бидејќи ја заслужуваат вашата љубов, наместо да промовирате одгледувачи, порачува Меј, во видео пораката споделена од здружението за заштита на животните Анима Мунди.

Ванеса Меј со порака до властите да запре насилството врз животните❗️

Отворањето на Охридско лето со меѓународната звезда Ванеса Меј понуди многу повеќе од спектакуларно музичко уживање – Ванеса Меј сподели порака за хуманост и против насилство врз животните во Македонија. Ванеса е веган и борец за нивните права, згрозена од начинот на кој се третираат во целата држава. „Реалност, а не хорор филм“ е краткото видео со обраќање и барања до институциите кое го промовираме пред нејзиниот настап (видеото нешто подоцна), а по завршувањето на концертот и средбата со активистите ова е нејзината порака до јавноста и македонската влада. Те сакаме и ти благодариме Vanessa-Mae ! <3

Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Saturday, July 13, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток