Партии

Славева: Јавната администрација е претрупана со некомпетентни кадри, а има нов бран на вработувања

Криминалната власт на Зоран Заев во заминување спроведува брутална партизација на администрацијата. Тоа што Зоран Заев се самопостави себеси за министер за финансии отвори огромна дупка во контролата врз нови партиски вработувања кои што би имале штета врз државниот буџет, вели Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Моментално нема одговорен државен функционер кој би му кажал на Заев каква штета предизвикува новиот бран на вработувања врз државниот буџет. Заев како министер треба да го предупреди Заев како претседател на Владата за штетата која се предизвикува  во  јавната администрација и државниот буџет.

Оваа власт знае дека ја губи моќта и решава на провиден начин колку толку да ги задоволи незадоволните партиски послушници во последниот час пред новите избори. Сведоци сме на нов бран на нови 107  вработувања во Бирото за јавни набавки, во јавното претпријатие за државни патишта, во Јавното сообраќајно претпријатие, во Академијата за судии и јавни обвинители, во МНТ, а и во Управата за финансиска полиција.

Сите овие вработувања немаше да бидат спорни доколку институции ги немаа изменето своите акти за систематизација за да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои се однапред познати.

На пример, во Генералниот  секретаријат на Владата, под палката на Рашковски, кој слушнавме како мести тендери, а и според сведочења од тамошните вработени безмилосно се однесува кон послабите од него само затоа што му се може, минатата година безмалку десетпати се сменила систематизацијата на институцијата.

Согласно нашите податоци, во 2018 година оваа себична власт во државниот и јавниот сектор вработила над 20 000 лица кои се нестручни за работните места, но се во блиска роднинска врска со луѓе од власта или се партиски послушници.

Па така, за пример, 27 нови некомпетентни кадри ќе бидат вработени во Управата за финансиска полиција кои што на месечно ниво ќе ја празнат државната каса за 14 000 евра, а на годишно ниво од државната каса за партиските послушници на оваа власт ќе се одлеваат 168.000 евра или 10.332.000,00 денари.

Ниеден државен инспектор не се осмелува да реагира по повод овие неправилности кои се прават во јавната администрација поради ризикот да ја изгуби својата работа под притисок на моќниците од власта.

Почитувани

Јавната администрација е претрупана со некомпетентни кадри. Секоја чест на исклучоците кои мака мачат со своите колеги кои се вработени со повластици, а не си ја работат работата. Непартиските јавни службеници се обесправени, малтретирани и омаловажени. Наместо подобрување на администрацијата како сервис на граѓаните, секој ден назадуваме во спроведувањето на европските стандарди и пракси поради неодговорноста на оваа власт.

Народот гледа, цени и памти. Сведоци сме дека вакво страдание проследено со скандали и тешки измами, проневери, партиски вработувања и државни скандали Македонија не памти.

Овие чекори се последната сламка на спасот на Зоран Заев и неговата екипа која секојдневно го шокира светот и ја срами државата. После ова скандалозно владеење знаат дека нема никогаш повеќе  да допрат до власт“, вели Славева.

Најчитани

To Top
Close