Свет

Повредени 35 лица на фестивалот „Сан Фермин“ во Шпанија

Во Памплона, денеска заврши повеќедневниот традиционален летен фестивал „Сан Фермин“, за време на којшто беа повредени 35 лица во трката со бикови низ улиците на шпанскиот град.

До повеќето повреди дошло при пад за време на трчањето, меѓутоа локалните власти наведоа дека годинава биковите со роговите уболе осум лица.

Фестивалот, одржан од 6 до 14 јули, секоја година привлекува илјадници туристи од целиот свет.

Трките со биковите се организираат секое утро од 8 часот и тогаш биковите трчаат од шталата до градската арена околу 825 метри. Луѓето кои учествуваат во овие трки, воглавно се мажи, традиционално облечени во бело и со црвени марами околу вратот.

Манифестацијата потекнува од 16 век, во чест на светецот и заштитник на Памплона, Сан Фермин.

Фестивалот го овековечи славниот Ернест Хемингвеј во романот „Сонцето повторно изгрева“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток