Македонија

Труење со храна на свадба во Струга, 10 лица завршиле во болница

Гости кои синоќа биле на свадба во ресторан, во струшкиот регион, побарале медицинска помош. Причината, неофицијално, била тортата што била купена од друго место, а потоа донесена на свадбата.
Од болницата во Струга велат дека примиле 10 пациенти, иако според извори на Алсат оваа бројка била поголема. Според директорот на болницата, Мухамет Асани, пациентите биле примени со симптоми на дијареа и повраќање. По лекарски преглед, пациентите биле пуштени на домашно лекување.
-Нема пациенти кои се хоспитализиран во нашите одделенија. Ниту еден од примените пациентите не бил хоспитализиран, бидејќи не биле во тешка состојба и по медицинската интервенција биле пуштени дома – објаснил Мухамет Асани, директор на Болницата во Струга.
Од Регионалниот центар за јавно здравје во Охрид, за Алсат информираа дека како институција, ако добијат повици од Агенцијата за храна и ветеринарство, тогаш ќе земаат примероци од храната.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток