Свет

Во Грција вчера регистрирани над 3.500 молњи, Органите за заштиа и спасување се подготвуваат за ново невреме

Силни врнежи од дожд и над 3.500 молњи донесе бурата „Адиноос“ во Грција. Системот „Зевс“ на националната опсерваторија во Атина за регистрирање и лоцирање на молњите, во текот на вчерашниот ден, заклучно со 20 часот, регистрирал 3.699 молњи во цела Грција, од кои најголемиот дел биле во североисточниот и источниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Невремето „Адиносос“ коешто ја зафати земјата се очекува да продолжи до среда. Органите за заштиа и спасување го проследија предупредувањето од метеоролозите дека бурата што доаѓа се очекува да биде проследена со силен ветер, обилен дожд и грмежи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток