Македонија

Русковска: Имаме аудио и видео снимки, обележани пари нема

Јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на распитот за осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески, изјави дека ОЈО поседува аудио и видео снимки за случајот, а дека нема обележани пари.

Таа рече дека е одземен мобилен телефон на еден јавен обвинител, но дека не е вршен претрес во незјиниот дом. Извршен бил претрес во домот на Боки 13 и во неговата канцеларија од која е одземен комјутерот.

Засега немало потреба обвинителката да биде изведена пред судија.

„Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија“, рече Рускоска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток