На денешната пресс конференција на новинарско прашање зошто „Ел Чека“ објавува само „бомби“ за ДУИ, а не за СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ премиерот шеговито кажа: Доколу некој има негов број дајте ми и ќе го прашам.
„Ако има разговори и за мене нека објави додека може, треба да знае дека има одговорност за тоа. Постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста е заштитена а овој човек не води грижа за тоа. Дирекно од премиерот еве пред камери кажувам, ќе одговара“, рече Заев.