Македонија

Заев: Не сум се слушнал со Катица, ако некој со некого контактирал прашајте ги Јанева или дипломатите

Премиерот, Зоран Заев, на денешната пресс конференција дека го следи случајот со СЈО, додаваќи дека и тој ги има истите информации кои се изнесени во јавноста.

Заев додаде дека тој не е  функционерот кој наводно се слушнал со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред да и биде одземен телефонот за истрагата која се води за предметот „Рекет“.

„Можеме да прочитаме се и се што во медиумите, јас можам да кажам за себе, не сум се слушнал со Катица Јанева, апсолутно не. Гледам дека седењето на компјутер е правење идеја како да се има примамлив текст за читање, но граѓаните можат јасно да оценат што е што“, истакна Заев .

Тој додаде:

„Ако некој со некого контактирал тоа можете сами да го утврдите во постапката, да ги прашате соодветните луѓе, лично Катица Јанева или дипломатите. На крај јавното обвинителство рече дека е отидено во нејзиниот дом, земен е само телефонот, не е правен претрес, се со цел да се утврди нејзина инволивраност, дали е тоа соучесништво или е само злоупотребена во оваа работа. Кога се работи за вакви личности за кои јавноста има заинтересираност, јавното обвинителство е должно да даде информација дали се работи за злоупотреба или употреба на Јанева во овој процес “, потенцираше Заев.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток