Македонија

Стоилковски: Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот Нефи Усеини?

Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават слеп народот, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид, поради кои е загрозен статусот во УНЕСКО.

Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот Нефи Усеини?

Нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини која власта ја толерира, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ..

Законот во член член 244-а велидека Тој што гради или изведува градба или врши надзор  над градба без одобрение за градење  или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот одговорното односно службеното лице подлежи на кривична одговорност согласност Кривичниот закон.

Градоначалникот на Охрид и локалната власт, наместо да постапуваат според законот за градење и да ја урнат дивоградбата, си играат мајтап со јавноста и ги оставаат бизис – партиските интереси пред интересите на граѓаните. Тоа веќе е очигледно бидејќи речиси половина година не се постапува, ниту кога дивоградбата беше во зачеток, ниту денес кога дивоградбата се претвори во дел од угостителски објект од која некој дебело заработува.

Затоа јавно прашуваме: Дали градоначалникот Константин Георгиески освен политичкиот има и материјален интерес од оваа дивоградба?

Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеини за оваа дивоградба?

Дали градоначалникот Георгиески е свесен дека заради непостапувањето и тој лично станува соучесник во ова прекршување на законот и самиот може да биде кривично гонет?

Јавноста и во случајот со дивоградбата во Охрид јасно гледа дека оваа криминална власт нема абер од почитување на законот. За нив власта е само гола политичка алатка за личен бенефит и ништо повеќе од тоа.

Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност. Ако сега се чуствуваат комотни и заштитени, треба да знаат дека ќе дојде време кога обвинителството ќе биде ослободени од канџите на Заев и сите ќе одговараат. Тоа време брзо ќе дојде, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top