fbpx
чет. Окт 1st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пожар во анимациско студио во Јапонија, има жртви и многу повредени

Најмалку 12 загинаа, а 37 се повредени во пожар што избувна во студиото за анимација „Кјото Анимејшн“ во западниот јапонски град Кјото. Состојбата на 10 лица е критична, а се стравува дека уште 18 луѓе се заробени во трикатната зграда.

Според првичните информации, станува збор за подметнат пожар од страна на едно лице кое истурило запаллива течност. Подметнувачот е уапсен.

Компанијата „Кјото Анимејшн”, произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.

Напишете коментар