Македонија

Полицаец како партал ме исфрли од канцеларија и судската зграда, вели Панчевски осомничен за местење предмети

Судијата Владимир Панчевски, кој е осомничен во случајот „Акмис“, односно за делење на предмети на рака на судии, во времето кога беше претседател на Кривичниот суд, се пожали дека денеска бил исфрлен од канцеларијата, откако вчера беше суспендиран.

-Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.

Така функционира овој криминален систем!

Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!

Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, напиша Панчевски на фејсбук.

На почеток