Македонија

Тешка сообраќајка меѓу камион и трактор во Прилеп, две лица тешко повредени

На 17.07.2019 во 18.00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влез за с.Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од с.Дебреште и товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С.(39) од с.Дебреште, кои биле пренесени во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток