Коментари

Метлата на Дац заигра во Драмски бидејќи не му ги вработиле синовите?

По само десет месеци на функцијата директор на Драмски театар, премиерот Зоран Заев одлучи да го разреши драматургот Викторија Рангелова-Петровска. Во многубројните директорски имиња за разрешување, нејзиното име се издвојува, особено затоа што за дел од директорите во јавноста се споменуваа како невешти во својата работа, наспроти задоволните вработени во Драмски театар.

По разрешувањето, следуваат низа негативни коментари за оваа одлука. Најголем дел од коментарите на социјалните мрежи укажуваат на тоа дека директорката е разрешена затоа што ги вработувала кадрите, кои Владата сакала да бидат вработени.

На новинарот Ивор Мицковски не му е јасно што се огрешила директорката Викторија Рангелова-Петровска, за да биде разрешена. И други корисници на „Твитер“ го бараат истиот одговор.

Иронично се коментира дека директорката е виновна за датумот за преговори со ЕУ.

Ваквата одлука на Заев, за разрешување на директорката се оценува и како фарса.

Твитерџиите се категорични дека освен МКЦ, не смее да се чепка ниту Драмски театар. Тие бараат враќање на директорката.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top