Македонија

Рускоска:Чест ми е да го водам новото ЈО, но за честитки е прерано

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција, но смета дека е премногу рано за честитки.

Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието. – вели Рускоска во интервју за емисијата „Код” што ќе се емитува во неделното издание, дел од кое беше пренесено вечерва во дневникот на ТВ Телма.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток