Свет

(ВИДЕО) Повреден турист, трудница префрлена во болница, срушени фасади по земјотресот во Атина

Земјотрес од 5,1 степени според Рихтер ја погоди Атина во попладневните часови.

Епицентарот бил североисточно од Атина на длабочина од 13 километри, а земјотресот траел 15 секунди.

Една трудница е пренесена во болница, а имало повеќе рушења на фасади од згради во Атина. Еден турист е полесно повреден кога на него паднал гипс од музеј.

Искривен е крстот на црква во грчката престолнина. Во делови на Атина имало прекин на струја и телефонските линии.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток