Коментари

Кој го овласти премиерот да ја избере Русковска за шеф на новото обвинителство?, прашува Каракамишева

Професорката по уставно право Тања Каракамишева, во својата објава на социјалните мрежи го запраша премиерот Заев од каде му е надлежноста да ја предложи и постави Вилма Рускоска на чело на Специјалното јавно обвинителство.

Исто така го таа го запраша, од каде тоа премиерот е сигурен дека ќе има 2/3 мнозинство за изгласување на новиот закон.

„Заев вчера си ја избра Русковска за шеф на новото обвинителство. Ни око да му трепне, ни веѓа да му мрдне. Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство?
Од каде му е надлежноста? И како тоа премиерот е сигурен дека ќе има 2/3 мнозинство за изгласување на новиот закон? Пак ли ќе играат феферевка дежурните?“, пишува Каракамишева.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток