Македонија

Тешка сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, едно лице загина

Утрово, еден час по полноќ, на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делницата за Струмица до Василевска раскрсница, Ј.Ц.(33) од с.Ораовица, радовишко, управувајќи патничко возило „Опел зафира“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(40) од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот.

Ј.Ц. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа СВР Струмица.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток