Македонија

(ФОТО+ВИДЕО) По кадата, нуркачите од „Акватек“ извадија и вреќа со плочки од Езерото

Како што е тргнато, нуркачите од од нуркачкиот центар „Акватек“ поради некои „совесни“ жители на Охрид деновиве со полни раце работа.  Пред само четири дена објавија дека ја извадиле кадата која неодамна ја најдоа фрлена во Охридското Езеро, а денеска мораа да го дорасчистат нередот под вода.На својот ФБ профил од нуркачкиот центар „Акватек“ објавија вреќа со плочки која ја извадиле од Езерото. Покрај Фотографиите напишаа:

„Вреќата со плочки беше лоцирана 2018 година. Сега е извадена…. Полека но сигурно до крајот на сезонава апартмачето ќе го реновираме…
Рибиве шо ме гледет си викет овај не е нормален“  , стои во објавата на ФБ.

Само за потсетување на 17.07 од Езерото беше извадена кадата фрлена од несовесни граѓани кои се ослободиле од сметот по реновирање на тоалет.

Оваа када верувале или не ЈП Охридски комуналец сеуште не ја има подигнато од Сараиште, па туристите се чудат зошто када има на оваа атрактивна и многу посетувана локажија во Охрид.

 

 

Posted by Diving Center Akvatek on Sunday, July 21, 2019

 

фото и видео: Никола Паскали

 

 

 

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток