пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Рикер доаѓа во Скопје

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер ќе ја посети Македонија, каде што ќе се сретне со претставници на владата, граѓанското општество и бизнисот, соопшти Стејт Департментот.

Рикер ја почна својата турнеја со посета на Грција, а во текот на неделава ќе допатува во Скопје.

Во Скопје амбасадорот Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници на разговори околу билатералните прашања и патот на Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Дипломатот Рикер, исто така, ќе присуствува на настанот со учениците од Американското катче во Битола, покрај состаноците со пратениците, членовите на опозициската партија и претставниците на локалната власт”, се вели во соопштението на Стејт департментот.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com