Скопје

(ФОТО) Реакции: Безбедноста на сите кои минуваат низ булевар Србија е загозена

Минатиот месец 61-годишна жена загина, а нејзината тригодишна внука се здоби со тешки телесни повреди минувајќи го булеварот Србија во Општина Аеродром.

Веднаш по овој настан се започна со поставувањето на семафори. Преминот и тротоарот на булеварот беа раскопани и се започна со поставувањето на кабли, но останаа само ископаните дупки. Жителите на општината се жалат дека повеќе од три недели стојат ископаните дупки на тротоарот, па пешаците мораат да се движат по улица, со што се загрозува нивната безбедност.

Булевар Србија, Аеродром – Лисиче. Кај пешачкиот премин кој се води како доста ризичен и небезбеден.Град Скопје ќе…

Posted by Урбанизам во Македонија on Monday, October 29, 2018

„Булевар Србија, Аеродром – Лисиче. Кај пешачкиот премин кој се води како доста ризичен и небезбеден.

Град Скопје ќе поставува семафори. Браво.

Но повеќе од 3 недели стојат дупкиве вака отворени со цел еден кабел да се протне.

Ниту пешаци можат да поминат, ниту мајки со деца, ниту инвалидизирани лица. Безбедноста на сите е загрозена.

За 3 недели голема улица се реконструира.

Град Скопје земете ја работата во раце. Ова не треба да е лице на градот.“

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток