Коментари

Најчевска: Со уништувањето на „бомбите“ се прикривааат криминални дејствија

Премиерот Зоран Заев на прес конференција објави дека Владата до Собранието ќе предложи нов закон за јавно обвинителство според кој СЈО престанува да постои а се формира ново кое ќе се вика Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Заев кажа дека снимките од нелегално прислушкуваните разговори кои не се дел од досегашните постапки на СЈО, ќе бидат уништени, како што се уништуваат и посебните истражни мерки.

На ова реагира професорката Мирјана Најчевска која тврди дека уништувањето на снимките е прикривање на криминални дејствија.

„А зошто да се уништат разговорите? Зошто да не бидат едноставно индиции за сторени кривични дела? Како допрен глас и слично? Уништувањето за мене е прикривање на криминални дејствија“, пишува професорката на социјалните мрежи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток