Македонија

Амбасадорот Жбогар ќе ја посети Општина Новаци во рамки на кампањата „ЕУ за тебе”

Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска ќе ги посети Новаци и регионот Мариово, во рамки на кампањата „ЕУ за тебе”.  Новаци изобилува со културно наследство кое е се’ уште непознато за пошироката јавност и беше на листата на општини со кои се обележа Европската година на културно наследство 2018, објави МИА.

Посетата ќе ги опфати излетничкото место Коњарка во Скочивир, црквата Св. Димитрие во Градешница, куќата на Калеш Анѓа во Старавина и камениот мост во Зовиќ. Сите објекти беа реновирани со средства од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.

Предвидено е амбасадорот Жбогар и неговиот домаќин, градоначалникот на Новаци Љубе Кузмановски да дадат изјави за медиумите.

Извор:МИА

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток