Автомобил удри во велосипедист, кој поминувал на пешачки премин. Несреќата се случила во центарот на Скопје, во близина на Рекорд.
Не е познато каква е состојбата на велосипедистот, а на улицата се уште стои велосипедот.
На терен е излезена полицијата која ќе треба да ги каже точните причини за несреќата.