Македонија

Снаата на Јанева кај чија сестра е пронајден телефонот е волонтер во СЈО

Додека синот на Катица Јанева, Лазар тврдеше дека мајка му телефонот си го изгубила во Белград, според неофицијални информации телефонот е пронајден кај сестрата на неговата девојка.

Од Обвинителството за сега не ја потврдуваат информацијата за тоа каде е најден телефонот но тврдат дека е кај лице кое рекло дека е добиен на подарок.

Извори од СЈО пак за Телма велат дека токму девојката на синот на Јанева, работи во самото СЈО, како волонтер. Таа не е на платниот список, но зема пари од СЈО.

Во специјалното обвинителство имало информации дека Јанева има и приватен втор телефон освен службениот, но со нив не разговарала од него. Обвинителството за организиран криминал им наложило на мобилните оператори да го лоцираат преку неговиот ИМЕИ. Сега е одземен и даден на вештачење.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top