Македонија

ГДУ: Дали Заев навистина им објавува војна на лажните вести или ака да ги поткупи и дисциплинира медиумите?

Дали премиерот Зоран Заев навистина им објавува војна на лажните вести и дезинформациите или пак сака да ги поткупи и дисциплинира медиумите? После неговата денешна прес-конференција на која го претстави акцискиот план, ГДУ изразува сомнеж за вистинската намера на власта, односно дали таа индиректно најавува цензура, се вели во соопштението од ГДУ.

Прво се отвора сомнеж дали Владата преку ваквиот план се обидува да купува медиуми? Второ нејасно е на кој начин Владата ќе спроведува програми и тренинзи за медиумска писменост и не се знае колку пари ќе се потрошат. Трето дали Владата со тоа што ќе воведува јасни критериуми за акредитирање на новинарите кои ги следат владините настани, сака да се заштити од незгодни новинарски прашања? Дали за аферите и скандалите кои се објавуваат, од Владата ќе се покриваат дека се лажни вести? Четврто дали власта со акцискиот план всушност најави и дека ќе брише објави и профили на социјалните медиуми? И петто кој ќе утврдува што е лажна вест и дезинформација, а што вистина?

Притоа сакаме да потенцираме дека вината не треба да ја барате само во медиумите и социјалните мрежи. Лажни вести шират и политичарите. Истиот проблем го има и Европа, па затоа ќе го цитираме Доналд Туск, кој во една прилика говорејќи на темата лажни вести истакна: „Во Европскиот совет многу јасно ставив на дознаење дека некои од премиерите кои таму седат и самите се извори на лажни вести“.

Предупредуваме внимателно со плановите. Да не се обидува власта да ги замолчи медиумите, ниту пак да се осмели да ги поткупува преку некакви си кампањи. Мора да се почитува правото на слобода на говор и критика, во спротивно џабе зборувате за европски препораки, се вели во соопштението од ГДУ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток