Македонија

Рикер вели дека неговото срце ќе остане во Северна Македонија: САД секогаш ќе ве поддржува

Заменик помошникот секретар на САД, Филип Рикер, вели дека неговото срце секогаш ќе остане во Северна Македонија, а нашата држава ќе ја има поддршката од САД.

-Чест ми е и радост што сум назад тука во Северна Македонија. Дел од моето срце секогаш останува тука во Северна Македонија. Вие секогаш имате поддршка од САД и секогаш ќе ја имате и мојата поддршка. Како поранешен дипломат на САД бев тука во тешкиот период на 90-тите, се вратив како амбасадор, а потоа како заменик асистент секретар за Европа. Драго ми е што сум тука да го изразам восхитот на САД за сето она што го постигнавте. Преспанскиот договор останува модел за храбри решенија. Вчера ми беше драго што можев да наздравам со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за вестите од Вашингтон. Сега ќе чекаме целиот Сенат да гласа за протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО, рече Рикер.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток