пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пред да влезат во затвор, сите се разболуваат: Миле, Сашо, Боки 13, Сеад се лекуваа по разни дијагнози

Сите обвинети кои не можеа да останат бремени, се разболеа. Оваa шега, која се врти низ социјалните мрежи, ја отсликува здравствената состојба на звучните имиња од политичката елита кои треба да одат во затвор или се веќе таму. Последен во болница заврши обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13. Вчера попладне со полициска придружба тој беше донесен во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да направи контрола, односно подготовка за веќе закажана втора операција. Иако и втората операција Боки требало да ја направи во приватната болница која се поврзува со Орце Камчев, самиот побарал да му биде направен преглед во државна болница и таму да ја направи.

Во приватна болница се лекуваше и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески на кого му беше одреден притвор за нелегална продажба на државно земјиште, случај којшто го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Иако неговите адвокати тврдеа дека мора да оди итно на операција на срцето, тој по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Според информациите од затворот, здравствената состојба на Јанакиески е стабилна, му биле направени испитувања, но не и хируршка интервенција, односно операција.

Пред да оди во затвор се разболе и бизнисменот Сеад Кочан. Неколку дена пред 17 јули, датумот што беше одреден за Кочан да почне со издржување на затворската казна, тој беше примен во приватна болница и достави медицинска документација до судот со која побара да му биде одложено издржувањето на казната.

Кривичниот совет треба да донесе одлука и за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков дали ќе му го врати пасошот или не, кој Мијалков го побарал бидејќи, наводно, имал закажано операција на хранопровод во странство.

Повеќе на Независен.мк

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com