пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Боки 13 без пари земал земјиште на крајбрежјето од Охридско Езеро?

Новинарот Бранко Геровски во најновата колумна открива дека Боки 13 требал да обезбеди државно земјиште од Општина Охрид преку меморандум за соработка, кое требало да биде лоциран на охридското крајбрежје за да земе пари од фирмата ГП „Пелистер“.

„Предмет на договорот е „платформата“ Европски комплекс за возрасни лица и мобилен сервис на територија на Општина Охрид и Европски центар за стари лица и мобилен сервис на територија на Општина Битола. Како автор на проектот се јавува извесна госпоѓа Лилјана Тодоровска од Скопје, која сите договорни права наводно му ги пренела на Меѓународниот сојуз (така се вели во преддоговорот, но нема доказ за тоа).

Меѓународниот сојуз на Боки 13-ка се обврзал на ГП „Пелистер“ да му обезбеди државно градежно земјиште на територијата на општина Охрид, лоцирано на охридско крајбрежје, врз база на „наменски меморандум за соработка со општина Охрид“. Не знам дали постои таков меморандум, но истрагата треба да се распраша. Парцелата требало да биде со површина од 25.000 до 35.000 квадрати. Не ми е познато дали е обезбедена таа парцела и како завршила зделката што се однесува до Охрид. Но, најинтерсниот дел од договорот се однесува на Битола“, пишува Геровски во најновата колумна.

Целата прочитајте ја тука.

Close