Скопје

Од утре жичницата на Водно со зимско работно време

Од ЈСП Скопје информираат дека од утре (01.10.2018). па се до 01 март 2019 година жичницата ќе има зимско работно време.

„Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16.45 часот. И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот“, велат оттаму.

Исто така воведени се и измени во возниот ред на линијата 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно.

„Се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16.20 ч и 17.20 ч, односно поаѓањата во 16.40 ч, 17.40 ч и 18.40 ч од Средно Водно. И понатаму, линијата 25 во понеделник не е во функција.

Сакаме да ги потсетиме корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници“, велат од ЈСП.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток