Македонија

И денеска ќе дува силен ветар

Денеска времето ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува силен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 15 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува силен северен ветер, а максималната температура ќе се искачи до 18. степен.

Од среда наутро темературата на воздухот значително ќе опадне, како утринската така и дневната. На некои места утринската температура ќе има услови да се спушти околу нулата.

Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток