Поранешниот претседател на Собранието и екслидер на НСДП, која е коалициски партнер во власта, Тито Петковски, е изненаден од настапот на бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес-конференција во владата со Зоран Заев, објави plusinfo.mk.
– Ако се знае дека меѓународните договори и одлуки треба да се почитуваат, тогаш тука е и Договорот околу испорачување на моштите на Гоце Делчев. Особено ме изненади изјавата дека ако го прифати фактот за Делчев, ќе биде прогласен за предавник на бугарската историја. Како што е познато Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, кога дојдоа на власт ги прогласија за предавници тие што ја донесоа одлуката за испорачување на моштите. Дали според ова што го кажа денеска Борисов, значи дека и неговата одлуката што ја донесе тој и потпиша Договор за добрососедство може да биде основ некои следни влади да го прогласат него за предавник? Тоа е уште една потврда зошто договорите мора да се почитуваат – дециден е Петковски.
Текстот во целост на: plusinfo.mk