Македонија

Од утре се укинуваат квотите за лекови во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија

Од утре ќе нема да има недостиг на лекови во туристичките места. Министерот за здравство најави дека ги укинуваат квотите во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија, а  тоа според Филипче е прв чекор до целосна либерализација и целосно укинување на квотите за лекови во цела земја.

Филипче вели дека во туристичките места со години наназад локалното население се соочувало со недостиг на лекови, бидејќи туристи од други градови си носеле рецепти со нив и во Охрид и Струга ги подигнувале лековите.

 

На почеток