Актуелно

Антикорупцуска ќе ја испитува градбата на Нефи Усеини кај Чинарот

По низата информации во медиумите  Државната комисисја за спречување на корупција отвори нови предмети. Антикорупциска ќе ја испитуваат и дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.

Инаку денеска на барање на директорот на ЈП Охридски комуналец Љупчо Грданоски, заседаваа управниот и надзорниот одбор на ЈП. Вкупно 8 лица, 5 од управниот одбор и 3 ца од надзорниот одлучија по барањето на Општина Охрид, а се однесува на дописот на антикорупциската комисија во кое советник од општина Охрид  има добиено тендери за набавки на Јавните претпријатија.  Предлогот за раскинување на договорите со фирмата на Нефи Усеини изгалсан е едногласно.

 

 

На почеток