Скопје

Антикорупциската комисија бара обвинителството да отвори истрага за дивите платформи на Матка

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кривично да се гони поради непостапување по предметите за барањата за легализација на дивите платформи во кањонот Матка. Антикорупционерите се јасни дека согласно законот за легализација, платформата на Матка како времен објект не може да биде предмет на легализација, одлучи антикорупциската комисија.

Со наредбата за отстранување на платформата и градбите постои и забрана за користење на моторни чамци бидејќи се наоѓаат во заштитено подрачје.

На почеток