Македонија

Следува период со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура од 25 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната температура до 34 степени.

Според најавата на метеоролозите под влијание на многу топла воздушна маса следува период на претежно сончево време со пораст на температурата која ќе се искачи до 41 степен.

 

На почеток