Македонија

Температура до 38 степени, со умерен ветер

Времето денес ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен во југоисточните делови. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 18, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и топло. Температурата 17/37 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста. Од утре ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.

На почеток