Македонија

Таравари: Правдата може да доцни, но не заборава

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари на Фејсбук ја објави пресудата на Управниот суд со кое се поништува Решението со кое Министерството за образование и наука ги одзеде ингеренциите за именување и разрешување директори на основни и средни училишта на локалната власт во Гостивар.

Покрај фотографијата, Таравари го повика министерот за образование Арбер Адеми да се извини и да поднесе неотповиклива оставка.

„Министерот за “ингеренции” и “докторорот за правни науки”, според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на општина Гостивар.
Почитуван “доценте”, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години!
Правдата излезе на виделина!, напиша градоначалникот Таравари.

 

https://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10219726840742588

На почеток