Македонија

Судар меѓу автомобил и моторцикл во Скопје, сопатник со тешки повреди

Вчеравечер во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Народни херои“ и улицата “Вера Јоциќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(37) од с.Чифлик-скопско, и мотоцикл “Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(22) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Ѓ.М.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил моторциклистот и биле пренесени во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток