Македонија

Кој е Лари Гаисер, авторот кој ги објави аудио и видео материјалите за „Рекет“

Кој е авторот кој ги објави аудио и видео материјалите на кои се гледа и слуша како Боки 13 заедно со Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев, споменувајќи ја приотоа и Специјалната обвиниелка Катица Јанева. Ларис Гаисер се огласи и на социјалната мрежа фејсбук при тоа наведувајќи дека ова е само првиот дел од материјалите, а како што пишува допрва ќе се објавуваат нови шокантни вести на страниците на италијанскиот весник Ла верита.

„Македонија има голем проблем на патот кон ЕУ, тоа е самата ЕУ! Могерини, Јункер и соработниците се виновни за понижување на цела нација и за отворено поддржување на сѐ што е во спротивност на владеењето на правото, за коешто толку гласно претендира Брисел. Во следните неколку денови, ќе објавиме шокантни документи коишто, искрено се надевам, ќе ѐ помогнат на Македонија да го пронајде патот кон функционалната демократија!“,напиша Гасиер во дел од својата објава на ФБ.

Но, кој е Ларис Гаисер?

Во неговата кратката биографија објавена на сајтот „Ла Верита“, стои дека е член на Италијанскиот тим за безбедност, терористички прашања и управување со итни случаи на Католичкиот Универзитет во Милано. Тој предава меѓународни односи на Универзитетот во Џорџија (САД) и геополитика, геоекономија и надворешни работи на Академијата за дипломати во Виена. Исто така е владин и деловен консултант.

На неговиот фејсбук профил стои дека е од Птуј, Словенија, и дека е професор на Факултетот за државни и европски студии во Словенија.

Гајсер е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Заедно со него, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски.

Статиите на Гаисер се објавуваат во весникот „Ла Верита“ , весник кој важи за близок до есктремнодесничарската партија „Лига“ , која ја предводи актуелниот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини. Салвини, пак, е познат дека има блиски врски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, како и рускиот претседател, Владимир Путин.

На почеток