Македонија

(ВИДЕО) Камчев прашува дали Лиле Стефанова е во игра, Чифлиганец барал дуќан за неа

Италијанскиот весник „Ла Верита“ утринава објави ново видео, составено од четири нови аудиоснимки од разговори меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“.

Транскрипт од дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Боки 13:

Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.

Боки 13: Кога било тоа.

Орце Камчев: Пред влезам.

Боки 13: Не знам за претходно.

Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае (се прекинува снимката од разговорот)

Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.

„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“ – изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

To Top