Скопје

За еден ден, полицијата казни стотина возачи во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 65 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престигнување, осум возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 24 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 77 мандатни платни налози и 57 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

На почеток