Македонија

(ТРЕТ АУДИО РАЗГОВОР) Боки 13 до Камчев: Катица пука со пиштол, затоа не го слуша телефонот

Во трет разговор објавен од италијанскиот весник, каде повторно се слушаат гласовите на Боки 13 и Орце Камчев, се зборува за Катица Јанева. Разговорот почнува откако Боки 13 и ѕвони на Јанева, а таа не одговора на телефонскиот повик. Тогаш разговорот го почува Камчев кој го прашува Боки 13 што се случува.

„И пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби пука се уште“, вели Боки 13.

„Што да пука“, прашува Камчев.

„Пука денеска“, одговара Боки 13.

„Кај пука?“, заинтересирано прашува Камчев.

„Со пиштол“, вели Боки 13.

„Не те разбирам“, враќа Камчев.

„Со пиштол пука, па да не не слуша поради тоа, Катица“, вели Боки 13

„Кај пука, она пука“, повторно прашува Камчев.

„Аха“, вели Боки 13.

„На стрелиште?“, вели Камчев.

„Да бе“, вели Боки 13.

„Не ме заебавај“, враќа Камчев.

„Не те заебавам“, вели Боки 13

„На стрелиште пукаат?“, повторно прашува Камчев.

Камчев се смее, по што му се обраќа на Зоки Милевски, познат како Зоки Кичеец.

„Ти си знаел за оваа работа?“, му вели Камчев на Кичеец, по што добива одговор „Не“.

„Да, еднаш неделно“, вели Боки 13.

Зоки Кичеец и Орце Камчев зачудено го прашуваат Боки 13: „Обвинителите од СЈО?“

„Носат пиштоли во нив?“, прашува заинтересирано Кичеец.

„Да“, им одговара Боки 13.

„Во ташна“, прашува Камчев.

„Во Камник и ќе си седнат после на лапачка“, констатира Камчев.

„Тоа не е тешка работа“, вели Кичеец.

На почеток