Македонија

Јанева сама си одлучи да го ослободи Камчев од зарвор, а пасошот му го врати додека бев на одмор, вели Стефанова

Обвинителката Лиле Стефанова го впери прстот во Катица Јанева, дека шефицата дозволила да му биде вратен пасошот на Орце Камчев додека таа била на одмор.

“Во месец март 2019 година, јас не се согласив и со одлуката на Катица Јанева да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Цветан Панделески, но и покрај моето спротиставување, таква согласност беше дадена.

Одлуката да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Јордан Камчев, Катица Јанева ја донела во време кога јас користев годишен одмор и за истата не ме извести. За оваа одлука дознав од обвинителката Елизабета Јосифоска, кај која било донесено на потпис писмено изготвеното мислење”, вели Стефанова.

Стефанова вели дека се спротиставила и кога Јанева одлучила да го замени затворскиот притвор на Камчев со куќен.

“Во втората половина на месец декември 2018 година, јас лично како предметен обвинител изразив несогласување со одлуката на Катица Јанева на осомничените во предметот „Империја“, мерката притвор да им биде заменета со мерка куќен притвор. Сметав дека куќниот притвор не може да ги спречи осомничените лица да влијаат на истрагата што се покажа како точно, имајќи ги во предвид сега објавените снимки”, додава Стефанова

На почеток